Се надевавме дека можеме нешто да направиме, но сепак Романија е селекција од светскиот крем и против една таква селекција е тешко да се игра.
Женската репрезентација на Македонија денес на гостински пораз доживеа висок пораз од 11 гола разлика (33:22). Со ова сонот за Светско првенство веројатно згаснува затоа што не е реално да очекуваме дека во Скопје ќе ја надополниме таа разлика.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес немавме решение за Кристина Неагу која натпреварот го заврши со 11 гола од 15 обиди, кај нас стандардно Сара Ристовска беше најефикасна со осум гола, Јаневска и Стојковска постигнаа по пет.
Романија почна да го трасира патот кон победата уште во првите 20 минути кога водеше со 12:4. Потоа ние најдовме излезе од агонијата, па на полувреме имавме пристојна негатива од четири гола (15:11).
Во вториот дел сепак Романките додадоа гас и обезбедија висока победа. Следниот натпревар се игра за четири дена во СЦ „Јане Сандански“.