Дома Фудбал Згасна животот на малиот Бредли, не успеа да ја победи најтешката битка

Згасна животот на малиот Бредли, не успеа да ја победи најтешката битка

Англија е обвинена во тага. Шестгодишниот Бредли Ловери кој ги освои срцата на фудбалските фанови, почина по тешката битка со ракот.

За смртта на младиот Бредли објавија неговите родители на фејсбук профилот, на кој ја известија јавноста за смртта на нивното дете.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Моето храбро момче денеска отиде со ангелите 07.07.17 во 13:35, во рацете на мама и тато опкружен од фамилијата.Тој беше нашиот мал суперхерој, храбро се бореше но беше потребен на друго место. Не постојат зборови кои можат да ја опишат нашата тага. Ви благодариме насите завашата поддршка и убави зборови. Спиј мало момче и летај високо со тие ангели“, стои во статусот на скршените родители.

Бредли беше фан на Сандрленд, а откако излезе како маскота во 2016. година на натпреварот помеѓу Сандрленд и Челси, стана пријател со Дефо кој често беше покрај него во најтешките мигови.

Синоќа Дефо со солзи на очите истакна дека тој ќе биде секогаш во неговото срце, дека ќе помогне се што е потребно на семејството. Неговото срце и неговата љубов беше неверојатна, вели Дефо. Тоа е нешто посебно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…