Дома Фудбал Звучи како шега: Кариус моментално е подобар голман од Де Геа

Звучи како шега: Кариус моментално е подобар голман од Де Геа

Давид де Геа не игра на своето ниво во последниот период на голот на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот подолго време важи за еден од најдобрите голмани, а според многумина и најдобар голман на светот, но со игрите оваа сезона не го оправдува овој епитет.

Де Геа направи многу грешки и може да биде еден од главните виновници ако Јунајтед не успее да се пласира во ЛШ, бидејќи со своите грешки индиректно “украде“ бодови на Црвените ѓаволи.

Пред година дена се смеевме на Лорис Кариус, кој од Ливерпул премина во Бешикташ, но денеска се зборува друга приказна.

Сега, статистички гледано, Кариус е подобар од Де Геа, иако е тешко да се спореди турската со англиската фудбалска лига.

Де Геа прими дури 53 погодоци оваа сезона, а Кариус 39. Шпанецот има просечна оцена 6.46 по натпревар, додека Кариус е со просек – 6.70.

Освен тоа, Де Геа имаше четири грешки по кои Јунајтед примил погодок, додека Кариус ниту еднаш не направил директна грешка.

Ако ја гледаме статистиката, Кариус моментално е подобар голман, иако сепак, треба да имаме на ум дека противниците за Кариус се далеку полесни од оние на Де Геа во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најскапите голмани во историјата понуден на Јувентус

Кепа Аризабалага може да замине од Арсенал, пренесува италијанскиот инсајдер Николо Шира. …