Дома Трансфер зона Звезда пред големо засилување: Лука Јовиќ се враќа на „Маракана“?

Звезда пред големо засилување: Лука Јовиќ се враќа на „Маракана“?

Репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ до крајот на преодниот рок би можел да ја засили Црвена Звезда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа информација ја објави италијанскиот новинар Николо Шира. Звезда е заинтересирана да го врати својот поранешен играч кој не се снаоѓа баш најдобро во Фиорентина. Во својата прва сезона во Фиорентина, Јовиќ на 50 натпревари постигна 13 голови и подели пет асистенции.

Во Фиренца Лука пристигна од Реал Мадрид за кој потпиша во јуни 2019 година. Тогаш „кралевите“ за него платија 63 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт.

Според „Трансфермаркт“, Јовиќ во овој момент вреди осум милиони евра. Звезда 25-годишниот напаѓач ја напушти во 2016-та година откако за првиот тим собра 42 натпревари и постигна 12 голови. Пред Ајнтрахт го носеше дресот и на Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…