Дома Фудбал Останато Звезда не ги заборави легендите: Панчев и Најдоски ќе трчаат почесен кург пред отварањето на ЛШ

Звезда не ги заборави легендите: Панчев и Најдоски ќе трчаат почесен кург пред отварањето на ЛШ

zvezda

Српска Црвена Звезда оваа сезона направи голем успех и се пласираше во Лигата на шамионите, а на отварањето на најелитното европско натпреварување фановите на белградскиот клуб ќе можат да ги поздрават македонските фудбалски легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Звезда баш и немаше среќа па на ждрепката доби пеколно тешки противници и во групата „Ц“ ќе игра против Ливерпул, Пари Сен Жермен и Наполи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот Наполи ќе биде првиот клуб со кого ќе играат на домашен терен и е закажан за 18-ти септември.

Токму на оваа средба пред почетокот на натпреварот публиката ќе ја поздрави шампионската генерација на Звезда од 1991 година кога клубот стана европски шампион, дел од таа блескава генерација беа Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Таа 1991 година Звезда во Бари на пенали го совлада Олимпи Марсеј, одлучувачкиот гол во пенал серијата го постигна токму Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…