Името на Немања Видиќ сигурно асоцира на легенда на Манчестер Јунајтед и на едно од најголемите засилувања на „црвените ѓаволи“ во ерата на Сер Алекс Фергсуон, но во Италија не е баш така.
Еден од најпознатите италијански медиуми „Калчомеркато“ направи листа на најголемите трансфер промашувања во Серија А во последна деценија и помеѓу нив може да се прочита и името на Видиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Видиќ за две години во Интер не остави никаков впечаток. Српскиот стопер во редовите на „нероаѕурите“ дојде во 2014 година и се задржа до 2016 кога стави крај на кариерата.
На листата покрај Видиќ место доби и уште еден Балканец, Хрватот Никола Калиниќ. Калиниќ играше за Фиорентина, а потоа потпиша за Милан на крајот заврши со катастрофален учинок од само шест гола на 41 натпревари.
На листата се најдоа уште имињата на: Робин Олсен, Кондгобија, Андреа Бертолачи, Андре Силва, Таје Таибо и Бруно Перес.