Дома Македонски спорт За утре закажана официјалната промоција на Милевски!

За утре закажана официјалната промоција на Милевски!

Како што информираат од Фудбалската Федерација на Македонија утре ќе биде официјалната промоција на Благоја Милевски.

Милевски официјално селекторската функција од Игор Ангеловски ја преземе на 1. август, а сега ќе биде промовиран и пред јавноста.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Благоја Милевски дефинитивно е човек кој заслужува шанса да ја води сениорската репрезентација после успесите со младата репрезентација која ја одведе на историското младинско Европско првенство.

Дебито на Милевски ќе биде со Ерменија дома, а потоа следуваат натпревари со Исланд на гости и Романија дома.

Официјалната промоција ќе се одржи во хотелот „Лимак“ во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…