Дома Македонски спорт За успехот на Македонија се јави и Шумуликоски: Момците заслужија, оваа Македонија може да се надигрува со секого!

За успехот на Македонија се јави и Шумуликоски: Момците заслужија, оваа Македонија може да се надигрува со секого!

Величе Шумиликоски е еден од најпознатите и најкритикуваните македонски репрезентативци низ историјата, националниот дрес го носеше 84 пати. Денес тој е спортски директор во Словачко и за медиумите во Чешка зборуваше за успехот на Македонија.

Шумуликоски за чешките медиуми ја пренесе еуфоријата која ја зафати Македонија поради пласманот на Европското првенство.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Цела Македонија експлодираше, беше огромна еуфорија. Се славеше на улиците иако има мерки поради коронавирусот, што можеше да направи полицијата кога сите излегоа. Долго чекавме на ваков успех, радост претходно ни носеше ракометот затоа на овие момци треба да им се симне капа“.

Смета дека порано било поинаку и потешко.

„Порано беше поинаку, сега оваа генерација го искористи моментот. Момците практично не изгубија и заслужено ќе одат на Европско. Многу играчи од оваа репрезентација играат во странство и тоа е од огромна помош. Елмас е во Наполи, Алиоски во Лидс, Несторовски во Удинезе, голамнот Димитриевски во Шпанија…70% од репрезентативците играат во странство и во големи европски клубови. Ние Македонците имаме вродена техника во нас. Кога јас играв мораше да се добие виза, па работна дозвола беше потешко и игравме во најголем дел со домашни фудбалери. Во квалификациите добивавме силни противници како Холандија и Турција. На сето тоа и судиите бидејќи сме помала држава судеа на наша штета. Денес е поинаку се променија многу работи па така и респектот кон помалите земји е поголем“.

За Горан Пандев…

Пандев на 37 години е лидер на репрезентацијата. Тој има големи заслуги за напредокот и знае како се играат големи натпревари. Со него играв на почетокот во репрезентацијата. Веднаш по натпреварот му испратив порака дека вака треба да продолжи. Не ми одговори до саботата. Беа во еуфорија“, со насмевка прокоментирал Шумуликоски.

Смета дека Македонија на Европското првенство нема што да загуби.

„На EП Македонија нема што да изгуби. Некои од играчите можат да отидат и во поголеми клубови пред почетокот на турнирот што само би било плус. Мислам дека оваа Македонија може да се надигрува со сите три ривали во групата па и со Холандија“, изјави Шумуликоски.

Интервјуто на Шумиликоски – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Вечерва репрезентацијата на Србија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство…