Дома Фудбал За тоа што го направи Жоржињо денес зборува цела Англија

За тоа што го направи Жоржињо денес зборува цела Англија

Челзи вчера ја запиша третата победа оваа сезона во Премиер лигата, а на овој меч посебно инпресионираше новото засилување Жоржињо.

Играта на Челзи оваа сезона се карактеризира со голем посед и многу пасови, а се се врти околу пуленот на Сари, Жоржињо.

Италијанецот вчера имаше дури 158 успешни додавања, што е повеќе од комплетниот тим на Њукасл чии играчи имаше 131 успешни додавања.

Во историјата на Премиер лигата Жоржињо е трет по тој параметар. Претходно Илкај Гундоган против Челзи имаше 167 успешни додавања, а Фернандињо против Евертон 164 успешни додавања.

Што се однесува до тимови, Сити против Челзи во сезоната 2017/18 размени дури 976 пасови, а Челзи вчера имаше 913 пасови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка за одлепување во Хрватска: Славен и Истра израмнети пред дуелот

Славен Белупо и Истра 1961 го отвораат 12. коло со по 13 бода. Домаќинот доаѓа по победа н…