Селекторот на репрезентацијата Јоаким Лев денес во јавноста зборуваше за одлуката на Месут Озил да ја напушти репрезентацијата на Германија.
Озил неодамна се повлече од репрезентацијата поради расизам и дискриминација, изјавувајќи дека кога Германија победува никој не го забелжува, а кога ќе бидат поразени веднаш е најмногу критикуван.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лев очекувано ги отфрли наводите за расизам во репрезентацијата.
„Неговиот менаџер ме повика и ме извести дека Месут се повлекува од репрезентацијата. Фудбалерот не ме побара. Озил избра поинаков пат, а до овој момент можам да потврдам дека не сме разговарале. Се обидов да разговарам, му испратив и порака, но не успеав да го добијам. Тоа морам да го прифатам, веројатно ја потценив целата ситуација“, изјави Лев.
Ќе потсетиме Озил беше на удар на критики на германската јавност поради слабата форма, но и поради фотографијата со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.