Дома Фудбал За првпат во Бундеслигата се прекина натпревар поради рамазански пост

За првпат во Бундеслигата се прекина натпревар поради рамазански пост

За првпат натпревар од Бундеслигата беше прекинат за еден играч да може да го прекине рамазанскиот пост.

Станува збор за натпреварот од 26. коло во Бундеслигата помеѓу Аугусбург и Мајнц. Прекинот се случи во 65. минута од натпреварот.

Судијата Матијас Јоленбек одлучи кратко да го прекине натпреварот за фудбалерот Муса Никате да го прекине рамазанскиот пост.

Откако испи две шишенца со вода, Ниакате дојде до судијата и му се заблагодари за прекинувањето на натпреварот. Кога е резултатот во прашање Аугусбург славеше со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн не брза назад во Англија: Рекордот на Ширер не е доволен мотив

Хари Кејн не ја затвора вратата за Премиер лигата, но за враќање бара совршени услови. Во …