Дома Фудбал Останато За понудата на Вардар за Хонда се слушна и во регионот (ФОТО)

За понудата на Вардар за Хонда се слушна и во регионот (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар се одлучи на интересен потег на социјалните мрежи.

Имено познатиот јапонски фудбалер, Кеисуке Хонда кој е слободен играч се понуди на Манчестер Јунајтед.

„Дајте ми понуда. Не ми требаат пари, сакам да играм во одличен тим, со одлични соиграчи“, напиша Хонда.

Набрзо Хонда доби понуда, но не од Јунајтед, туку од македонски Вардар.

„Ти си повеќе од добредојден во Вардар, најдобриот тим во светот, со најдобрите соиграчи!“, гласеше понудата на Вардар.

За оваа понуда на Вардар денес се пишува и во медиумите во регионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан размислува да го ангажира Бенатија како нов шеф за фудбал

Милан планира да го засили својот менаџмент и поранешниот дефанзивец на Јувентус, Меди Бен…