Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Грем Сонес застана на страната на Кристијано Роналдо по исфрлањето и враќањеto во тимот на Манчестер Јунајтед на Португалецот.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг одлучи оваа сезона Роналдо да биде резервна опција за нападот на Јунајтед, 37-годишниот фудбалер е незадоволен од тоа, а се кулминираше на натпреварот против Тотенхем кога Роналдо ја напушти играта на самоиницијативно пред крајот бидејќи не доби шанса да влезе во игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По овој инцидент, Тен Хаг го отстрани центарфорот од првиот тим, но набрзо повторно им се придружи со соиграчите.
Сонес јасно застана на страната на фудбалерите во овој конфликт и даде интересна изјава за англиските медиуми.
„За пет години Тен Хејг ќе биде далеку од Манчестер и никој нема да се сеќава на времето поминато во Јунајтед. Од друга страна, Роналдо ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери кои играле тука“, изјави Сонес.