Главна тема денес во европскиот и светскиот фудбал е одлуката на Судот за правда во Луксембург да пресуди во корист на иницијаторите за создавање на Суперлига. Имено, Судот пресуди дека УЕФА и ФИФА немаат право да ги казнуваат европските клубови за учество во ова натпреварување, па се најавуваше дека Перез и неговите соработници имаат отворен пат.
Веќе е објавено и како Суперлигата ќе изгледа (ТУКА), но барем засега работата за оние кои сакаат да ја создадат Суперлигата не оди лесно. Имено, пет европски гиганти наводно и покрај одлуката на ФИФА и УЕФА одбиле да учествуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На страната на УЕФА застанале Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Севиља и Валенсија. Тие се истакнуваат како поголеми, меѓутоа се наведува дека негативен одговор дале и останатите шпански екипи како: Гранада, Мајорка, Осасуна, Леванте, Реал Бетис, Рајо Ваљекано и Спортинг Хихон.
Јавно за Суперлигата зборуваше извршниот директор на Баерн Минхен, Јан Кристијан Дресен.
„Баерн уште претходно јасно ја затвори вратата за Суперлигата. Таквото натпреварување би претставувало напад и опасност за домашните натпреварувања“, изјави Дресен за „Билд“.
Преку соопштение својот став го објави и Манчестер Јунајтед.
„Нашата позиција не се променила. Остануваме верни на настапите во натпреварувањата на УЕФА и останатите организации“, соопштија од таборот на „црвените ѓаволи“.
Соопштение објави и Атлетико Мадрид.
„Европското фудбалско семејство не сака да биде дел од Суперлигата. Германија, Англија, Италија, Франција и Шпанија (освен Барселона и Реал Мадрид) не ја сакаат Суперлигата. Ние се залагаме за заштита на европското фудбалско семејство и зачувување на домашните првенства“, соопшти Атлетико.