Денес започна месецот во кој ќе имаме прилика да уживаме во одлични фудбалски натпревари.
Ако сте вистински љубител на фудбалските натпревари, тогаш ова ќе биде фантастичен месец за вас и ве очекуваат многу часови поминати во својот дом пред телевизорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спектакуларниот месец започнува веќе утре кога Реал Мадрид ќе игра против Барселона во ново „Ел Класико“ овој пат во Ла Лига. Ако Барселона победи во овој натпревар надежите на Реал за титулата кои и онака се мали би можеле да завршат. Овој натпревар се игра со почеток во 20:45 часот.
И во Англија утре се игра големо дерби. Лутите ривали во Премиер лигата, Тотенхем и Арсенал ќе ги одмерат силите. Веќе следниот ден Премиер лигата носи ново дерби и тоа градско, Евертон – Ливерпул. Во Италија пак во недела ќе играат Наполи и Јувентус.
Кон средината на неделата не очекуваат возбудувања во Лигата на шампионите. На програмата во најелитното европско натпреварување се Реал Мадрид – Ајакс, Борусија Дортмунд – Тотенхем, Пари Сен Жермен – Манчестер Јунајтед и Порто – Рома.
Месецот ќе продолжи со уште одлични натпревари, новите реванши во Лигата на шампионите (Манчестер Сити – Шалке, Баерн Минхен – Ливерпул, Јувентус – Атлетико Мадрид, Барселона – Лион). Потоа ќе гледаме и едни поинакви возбудвања од фудбалските терени – ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите, како и филмот за Антоан Гризман кој „Нетфликс“ ќе го промовира на 21-ви.
Овој месец ќе се играат и натпреварите Милан – Интер, Арсенал – Манчестер Јунајтед, Ливерпул – Тотенхем…