Дома Фудбал Англија За неколку дена Ливерпул ќе треба да плати уште 5 милиони за Дарвин Нуњес

За неколку дена Ливерпул ќе треба да плати уште 5 милиони за Дарвин Нуњес

Готово сигурно уште оваа недела Ливерпул ќе се задолжи нови 5 милиони евра кон Бенфика поради дарвин Нуњес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клаузула во договорот на напаѓачот гласи дека Ливерпул ќе мора да плати додатни 5 милиони евра кога Дарвин ќе одигра 10 меча во сите натпреварувања.

Во моментов Уругваецот има осум настапи за Ливерпул, кој во среда игра со Ренџерс во Лигата на шампиони, а потоа дербито со Манчестер Сити во недела. Се очекува Дарвин Нуњес да игра на двата меча.

Ливерпул ова лето за напаѓачот плати 75 милиони евра, плус додатни 25 милиони евра преку разни бонуси.

Кога Дарвин ќе одгра 60 меча за „црвените“, тогаш клубот од „Енфилд“ ќе треба да плати додатни 10 милиони евра, а последните 10 милиони евра се условени со постигнати голови и освоени трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…