Дома Македонски спорт ЗА НАШИТЕ ХЕРОИ: Иџе денес во полициски час ќе вози низ скопските улици! (ВИДЕО)

ЗА НАШИТЕ ХЕРОИ: Иџе денес во полициски час ќе вози низ скопските улици! (ВИДЕО)

Денес од 18:00 часот најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе ќе парадира со неговиот тркачки автомобил.

Иџе ќе започне од населбата Лисиче и ќе заврши во Карпош. На овој начин тој сака да им оддаде почит на хероите кои придонесуваат за победа во овој тежок период.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


“Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. ???. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка.✔️?❤️. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност. ???

Во ПОНЕДЕЛНИК 25.05.2020 во периодот од 18:00 низ скопските улици со тркачкиот автомобил ќе направиме промотивно возење на релација Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош. ???Би сакале да ве поканиме сите заедно од вашите тераси, прозори, ако сте во можност, со знамиња или аплауз да ги поздравиме нашите херои во битката против оваа пандемија. ? Ова е трасата по која ке се движиме, се гледаме“, стои во соопштението на неговата Фејсбук Страна.

Покрај текстот има и видео во кое се прикажни неколку попатни точки од денешната рута на Иџе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…