Дома Фудбал Останато За Левандовски ова се најдобрите пет напаѓачи на денешницата

За Левандовски ова се најдобрите пет напаѓачи на денешницата

Роберт Левандовски без никакви дилеми веќе подолги години е помеѓу најдобрите класични напаѓачи. Полскиот голгетер тоа го потврди и сезонава во која до прекинот постигна 39 голови на 35 натпревари за Баерн.

Запрашан да избере пет најдобри класични деветки скромниот Левандовски се изостави себе и се одлучи за ѕвездите на Реал Мадрид, Манчестер Сити, Лајпциг, Барселона и ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тешко прашање. Ако зборуваме за „деветка“ би ги избрал: Бензема, Вернер, Суарез, Агуеро и Мбапе“, изјави 31 годишниот Левандовски.

По одговорот Левандовски доби прашање за Ерлинг Халанд кој во Борусија на 11 настапи постигна дури 12 гола.

„Има голем потенцијал, но времето е пред него. Не сакам да му ставам притисок со своите изјави. Ако напорно работи може да стане подобар играч и да достигне високо ниво. За него би било добро подолго време да остане во Бундеслигата пред да го направи следниот чекор“, одговори Левандовски.

Левандовски за Баерн постигна 230 голови на 275 натпребари, претходно за Борусија постигна постигна 103 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…