Наградата за фер-плеј дефинитивно им припаѓа на фудбалерите на Дундалк.
Арсенал вчера на „Емирати“ во натпревар од 2. коло во Лига Европа славеше против Дундалк со 3:0, а неверојатен е податокот дека гостите не направија ниту еден фаул во текот на комплетните 90 минути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На тој начин фудбалерите на Дундалк влегоа во историјата како прва екипа која не направила нниту еден фаул, барем според статистиката во последните 10 години.
И покрај поразот од 3:0 во Лондон каде што дојдоа како големи атусајдери треба да им се оддаде признание за фер-пеј. Навистина е неверојатно еден тим во 90 минути да не направи ниту еден прекршок.
0 – Dundalk are the first side to avoid committing a single foul in a Europa League game (2009-10 onwards). Careful. #UEL pic.twitter.com/oCQYY9fbCB
— OptaJoe (@OptaJoe) October 29, 2020