Дома Фудбал Останато За Бејл постојат само две опции, но што ќе одбере Велшанецот!?

За Бејл постојат само две опции, но што ќе одбере Велшанецот!?

Герет Бејл не е во плановите на Зидан за следната сезона.

Велшанецот е отпишан од страна на тренерот на Реал Мадрид и на сите начини управата на Реал сака да се ослободи од Велшанецот. Меѓутоа, тој нема во план лесно да си замине од Мадрид. Силно сака да остане во клубот, иако е јасно дека повеќе нема да игра. Сепак, ако на крајот се случи да го напушти шпанскиот гигант, за неговата кариера постојат само две опции и тоа двете во Англија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тука се Тотенхем или Манчестер Јунајтед. За сега, Манчестер Јунајтед подготви подобри услови за него и можно е тој да биде дел од замената за Погба. Платата сепак е голем проблем. Никој не сака да му понуди 18 милиони евра, колку што годишно заработува во Реал, а тој не сака да се согласи за помала плата. Ова на крајот би можело да доведе до тоа Тотенхем да се откаже. Спарсите не сакаат да го оптеретат буџетот и големи се шансите дека неговиот поранешен тим за многу кратко време би се откажал од неговото доведување.

Реал од другата страна сака да го искористи Бејл за да го доведе Погба во своите редови. Ќе се обидат да направат размена со доплата на пари, но Бејл е тој кој сега ги запира плановите. Летото е долго. До септември некои работи би можеле да се променат и кој знае, можеби и Бејл ќе се предомисли и ќе одлучи да го напушти Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…