Дома Останати Кошарка НБА Зарем некој може да не го смести Леброн во најдобрите пет во историјата на НБА?

Зарем некој може да не го смести Леброн во најдобрите пет во историјата на НБА?

Легендарниот НБА кошаркар Пол Пирс смета дека ѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс не е помеѓу најдобрите пет играчи во НБА лигата.

Иако Џејмс три пати беше шампион и четири пати МВП за Пирс не ги исполнува квалитетите да се најде помеѓу најдобрите во историјата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Што Леброн направи од темел за да ја подигне било која организација? Бил Расел изгради организација во Бостон, Карим Абдул Џабар, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Тим Данкан, Коби Брајант, Лери Бирд“, изјави Пирс.

„Тие се помеѓу најдобрите 10 кои помогнаа да се изградат нивните организации“.

Пирс потенцираше дека Леброн не „изградил“ ниту една своја организација и не би требало да се смета за еден од најдобрите во НБА. Сепак, ова е малку чудно затоа што Џејмс со Кливленд ја освои првата титула во историјата на франшизата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…