Дома Трансфер зона Започнува да ги користи „врските“: Берлускони во Монца носи играч од Милан?

Започнува да ги користи „врските“: Берлускони во Монца носи играч од Милан?

На маргините на тимот чека да му истече договорот, а сега доби понуда од Силвио Берлускони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рикардо Монтоливо беше капитен на „росонерите“, но Џенаро Гатузо практично го елиминираше.

Имаше проблеми помеѓу нив двајца, па Монтоливо кој е поранешен репрезентативец на Италија сега не е во конкуренција за настап.

Дури оваа недела тренираше и со младинците место со останатите играчи кои останаа и немаа репрезентативни обврски.

Има повик од новиот клуб на Силвио Берлускони, Монца. Овој тим се натпреварува во третата лига, но се очекува наредната сезона да избори пласман во Серија Б.

Монтоливо е поблиску до опција да го почека јуни и како слободен играч да премине во Монца, иако има можност и да се договори со Милан за оштета за останатокот од сезоната и веќе во јануари да се пресели кај Берлускони.

https://www.youtube.com/watch?v=wJ5iREQYYK8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…