Дома Трансфер зона Започнаа преговорите со Јунајтед, Јувентус бара 40 милиони евра за Коста

Започнаа преговорите со Јунајтед, Јувентус бара 40 милиони евра за Коста

Италијански „Тутоспорт“ денес пишува дека започнале преговорите помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед за Даглас Коста.

Веќе подолго време името на Коста низ медиумите се поврзува со Јунајтед, меѓутоа во преден план до сега беа Џејдон Санчо и Џек Грилиш. Сега работите наводно се промениле и преговорите помеѓу италијанскиот и англискиот гигант започнале.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус за Коста бара 40 милиони евра што е двојно помалку од она што Вила го проценува Грилиш (80 милиони евра). Од друга страна Санчо повеќе не е опција и тој потенцијален трансфер пропадна.

Инаку, треба да се спомене дека Коста беше на мета на Јунајтед уште додека Бразилецот играше во Шахтјор, а на клупата на „црвените ѓаволи“ беше Сер Алекс Фергусон. На крајот Баерн го купи Коста за 30 милиони евра. Потоа го проследи Јувентус за шест милиони евра, за „старата дама“ да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

Сега Јувентус би го вратил вложеното и би добил средства за доведување играчи по желба на Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…