Пред точно две години на денешен ден овој свет го напушти големиот Коби Брајант.
Легендата на НБА и светската кошарка го загуби животот во хеликоптерска несреќа во која починаа уште девет лица меѓу кои беше и неговата ќерка Џиана. Трагедијата се случи на 26. јануари 2020 година додека Коби леташе кон спортската академија на натпревар на неговата ќерка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Коби целата свoја кариера ја посвети на Лејкерси каде што 18 пати беше дел од Ол-Стар викендот. Со Лејкерси овои пет шампионски прстени, два пати беше најдобар стрелец во лигата, а во 2007/2008 беше избран за МВП на сезоната. Кариерата ја заврши со вкупно постигнати 33.643 поени.
„Сакам луѓето да ме запомнат како човек кој успеал да се надмине самиот себе си за да дојде од успехот што го остварил“, е еден од најповторуваните цитати на Коби.