Со убедлива победа од 98:71, кошаркарите на Бараселона славеа над Панатинаикос на крајот од првото коло во Евролигата.
Барселона го сруши отпорот на противникот во второто полувреме, а потоа ја зголемуваше разликата по што на крајот им нанесе катастрофа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кевин Серафин беше најдобар на мечот со 24 поени и осум скока, а одличен во победничкиот тим беше и Адријен Моерман со 16 ппоени и 11 скокови.
Никос Папас беше најпрецизен кај Панатинаикос со 20 постигнати поени.
Екипата од Атина инаку, ја предводеше Чави Пасквал, некогашниот тренер на Барселона.
Барселона во следното коло гостува кај Црвена Звезда, додека Панатинаикос ќе ја дочека екипата на Бамберг.