Дома Топ вести Заниоло во најдобрите фудбалски години пред трансфер во Саудиска Арабија!

Заниоло во најдобрите фудбалски години пред трансфер во Саудиска Арабија!

Очигледно, Саудиска Арабија станува посакувана дестинација поради богатите понуди и за фудбалерите кои не се во залезот на кариерата.

Видовме неколку такви трансфери на фудбалери во Европа, трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Ал Хилал е завршена работа, а следен би можел да биде Николо Заниоло.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заниоло има само 24 години и пред него се веројатно најдобрите фудбалски години кои како што стојат работите може да ги помине во Саудиска Арабија. „Газете дело Спорт“ пишува дека Заниоло преговара исто така со Ал Хилал.

Информациите на италијанските медиуми се дека Ал Хилал на Заниоло му понудил договор вреден 120 милиони евра за четири години, тоа би значело плата од 30 милиони евра по сезона што сигурно нема да му ја даде ниту еден европски клуб.

Наводно, Заниоло се согласил и ја прифатил понудата и сега се водат преговори помеѓу двата клуба. Во договорот на фудбалерот има откупна клазула од 35 милиони евра, додека првата понуда на Ал Хилал била помеѓу 20 и 30 милиони евра.

Ако се реализира трансферот Заниоло ќе биде првиот репрезентативец на Италија кој направил трансфер во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…