Дефанзивецот Александар Ристевски во иднина нема да ги брани боите на Брера Струмица.
Договорот на Ристевски со струмичкиот клуб истече и тој е слободен играч во пресрет на преодниот рок. Тој беше еден од клучните одбранбени играчи на Брера каде што пристигна во јули минатата година, доаѓајки од таборот на Штипска Брегалница.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ристевски дресот на Брера го носеше вкупно на 28 првенствени меча а против Тиквеш се запиша и во листата на стрелци.
Засега не е познато каде дефанзивецот ќе ја продолжи кариерата.