Дома Трансфер зона Замена за Санчез или зголемeна конкуренција – Венгер на чекор од големо засилување!

Замена за Санчез или зголемeна конкуренција – Венгер на чекор од големо засилување!

Француските медиуми пишуваат дека наскоро се ќе биде познато, но „Топџиите“ се блиску до ангажман на големо засилување.

Наводно претседателот на Лион, Жан Мишел Аулас ја прифатил понудата на Арсенал за Александар Лаказет која изнесувала 50 милиони евра, па сега се останува на Лаказет.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Состанокот на кој трансферот би требало да биде договорен е закажан за почетокот на наредната недела, но под услов и Лаказет да се согласи да премине на „Емирати“.

Голгетерот во овој момент е на одмор, веројатно е известен за случувањата и би требало да добие рок да одлучи до крајот на оваа недела.

Лакезет неодамна изјави дека повеќе би сакал кариерата да ја продолжи во Шпанија отколку во Англија. Кога во прашање се шпанските клубови голем интерес покажуваше Атлетико, но „Јорганџиите“ сега имаат забрана за трансфери.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…