Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер е едно од најжешките имиња и на трансфер пазарот и за неговиот потпис интерес покажуваат многу европски гиганти.
Сепак, доколку сакаат да го ангажираат за помалку пари, Ливерпул, Челзи, Манчестер Јунајтед, Интер и Јувентус ќе мора да побрзаат, бидејќи откупната клаузула од 55 милиони евра важи до 15 уни, а потоа се зголемува.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа значи дека клубовите имаат уште 12 дена да го ангажираат фудбалерот по поповолна цена, а потоа за сумата ќе се прашува германскиот клуб.
Вернер најсилно се поврзува со Ливерпул, но „црвените“ не сакаат да ја платат откупната клаузула, па Челзи може да ја искористи таа ситуација и да го договори трансферот во следните 12 дена.