Дома Фудбал Италија Заедно имаат 77 години, но и покрај тоа ќе потпишат нови договори со Јувентус

Заедно имаат 77 години, но и покрај тоа ќе потпишат нови договори со Јувентус

Италијанскиот голман Џанлуџи Буфон иако повеќе не е прв голман на Јувентус ќе го продолжи договорот со „старата дама“ на уште една година.

Тоа значи дека Буфон и следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, а тоа ќе му биде 19. сезона во клубот од Торино, објавија италијанските медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа сезона Буфон беше резерва на Шчесни и собра 11 настапи.

Исто така не е исклучена можноста Буфон во иднина да превземе некоја функција во управата на Јувентус.

Како што објави Ди Марцио, италијанскиот експерт за трансфери Јувентус нема да се откаже и од услугите на 35 годишниот Киелини па и него ќе му го продолжи договорот.

Буфон и Киелини заедно имаат 77 години, легенди се на Јувентус и понатаму ќе продолжат да го носат дресот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Четири срамни податоци за дебаклот на Манчестер Јунајтед

Избраниците на Ерик тен Хаг забележаа срамен пораз во Лондон од Кристал Палас со резултат …