Напаѓачот на Спарта Ротердам е суспендиран во следните седум натпревари поради див старт над противничкиот играч.
Дисциплинската комисија на ФС Холандија донесе одлука, напаѓачот на Спарта од Ротердат, Михеил Крамер да биде санкциониран со седум натпревари неиграње поради насилчнички старт над противничкиот играч.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Крамер во продолжението во првиот дел во дуелот со Витесе заработи директен црвен картон поради тоа што по дуелот со Александар Битнер со двете нозе го шутна играчот на домашниот тим во пределот на градите.
Судијата не се двоумеше, веднаш му беше покажа на Крамер патот до соблекувалната, а ниту дисциплинските органи немаа дилема.
Напаѓачот ја заврши сезоната, а казната ќе ја одработува на стартот на следната, доколку остане во холандскиот фудбал.
? | Einde seizoen voor Michiel Kramer, @Spartarotterdam accepteert de schorsing van zeven wedstrijden. https://t.co/VH66hOY3BJ pic.twitter.com/y8FfsIrn7n
— FOX Sports (@FOXSportsnl) April 16, 2018