Марија Шарапова ја заврши својата авантура на УС Опен уште во осминафиналната рунда, откако беше елиминирана од Анастасија Севастова. Елиминација доживеа и актуелната шампионка на Вимблдон, Гарбиње Мугуруза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На отвореното првенство во САД, Шарапова беше поразена од страна на тенисерката Анастасија Севастова во три сета и тоа со резултат 5:7, 6:4, 6:2.
И покрај поразот, Шарапова е задоволна од настапот на својот прв грен слем турнир по суспензијата. Севастова во четвртфиналето ја очекува натпреварот против американката Слоун Стивенс, која синоќа беше подобра од Германката Јулија Гергес со 6:3, 3:6, 6:1.
Елиминација доживеа и актуелната шампионка на Вимблдон, Гарбиње Мугуруза која со 2-0 загуби од Петра Квитова.