Дома Фудбал Англија Заврши и денешната потрага по авионот на Сала – потврдено е името на пилотот!

Заврши и денешната потрага по авионот на Сала – потврдено е името на пилотот!

Авионот на Емилијано Сала не е пронајден ниту денес.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Полицијата за денес се огласи со своето последно соопштение и потврди дека потрагата по авионот е завршена и истата повторно ќе продолжи утре.

Единствен успех во денешната потрага на полицијата беше тоа што и официјално го потврдија името на пилотот.

Најскапото засилување во историјата на Кардиф патувал со пилтот со име, Дејв Иботстон.

Меѓутоа тоа што истрагата е преименувана од „спасувачка акција“ во „потрага“, дава јасен знак дека службите немаат надеж за позитивни вести.

Ќе потсетиме, последниот контакт на авионот со контролната кула е изгубен во понеделникот во 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси непријатно го изненади Баерн Минхен за Џексон

Германскиот гигант одлучи да не го откупи договорот на сенегалскиот напаѓач, кој оваа сезо…