Директен пласман во осминафиналето од Лига Европа обезбедија Ливерпул, Баер Леверкузен, Виљареал, Славија Прага, Брајтон, Вест Хем, Аталанта и Ренџерс.
Фрајбург, Марсеј, Спарта Прага, Спортинг, Тулуз, Рен, Рома и Карабаг со пласманот на второто место во својата група обезбедија пласман во дополнителните квалификации за осминафиналето на Лига Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таму ќе играат и третопласираните екипи од групната фаза на Лигата на шампионите и тоа Феенорд, Јанг Бојс, Ленс, Галатасарај, Брага, Бенфика, Милан и Шахтјор.
Третопласираните екипи од Лига Европа ќе играат во квалификациите за осминафиналето на Конференциската лига и тоа Олимпијакос, Ајакс, Бетис, Штурм, Сервет, Молде, Макаби Хаифа и Унион Ст.
Доцниот гол на Жоао Педро му донесе на Брајтон драматична победа од 1-0 над Олимпик Марсеј и со тоа го обезбеди првото место во групата Б во Лига Европа.
Двете секипи во последниот натпревар од групната фаза влегоа со обезбеден пласман во следната рунда, но на Брајтон му беа потребни сите три бода за да се пласира во осминафиналето како лидер. Марсеј ќе оди во плеј-оф рундата бидејќи заостанува два бода зад Брајтон.
Во другиот натпревар од групата, Ајакс победи со 3:1 дома од АЕК за да заврши на третото место и да оди во нокаут плеј-офот од Европската конференциска лига, додека АЕК беше елиминиран.
Аталанта победи со 4:0 кај Раков и го обезбеди првото место.
Вест Хем на домашен терен го совлада Фрајбург во директна пресметка за лидер во групата, додека шкотскиот Ренџерс изненади и го совлада Бетис со 3:2 на гостински терен.
Во понеделник ќе се изврши ждрепката за елиминациските натпревари.