Реал Мадрид на лето ќе се обиде во своите редови да го доведе голманот на Рома, Алисон Бекер.
Одличниот 25-годишен чувар на мрежата оваа сезона брани навистина одлично и со таквите настапи го привлече вниманието. Бразилецот се повруваше и со Ливерпул. Сепак, официјална понуда од „Енфилд“ немаше, а сега интерес за неговите услуги покажа и мадридскиот Реал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми тврдат дека Реал на лето ќе испрати понуда за овој голман. Во него го гледаат решението за својот тим и на тој начин ќе се откажат од евентуалното ангажирање на Давид Де Геа и Тибо Куртоа.
Во моментов, прв голман на Реал е Кејлор Навас, но како што стојат работите, тој ги брои последните месеци на голот на „Кралевите“.