Шпанскиот крилен напаѓач Хуан Мата не е во прв план во редовите на Манчестер Јунајтед и тоа само му ја олесни одлуката да го напушти клубот на лето.
Од поодамна Мата не е сериозните планови на Јунајтед, оваа и минатата сезона ретко го гледавме во Премиер лигата, скоро и да е заборавен. Сега Мата сака да замине од Јунајтед и верува дека на друго место може уште некоја година да игра квалитетен фудбал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред се тој ја разгледува опцијата за враќање во Шпанија каде што претходно помина 11 години носејќи го дресот на Валенсија, потоа се пресели во Челзи од каде што во јанаури 2014 дојде во Манчестер Јунајтед.
Оваа сезона не одигра ниту еден натпревар во Премиер лигата. Два пати влегуваше во Лигата на шампионите, а запиша по еден настап во ФА Купот и Карабао Купот.
Најдобра сезона во кариерата на Мата беше сезоната 2012/2013 кога за Челзи запиша дури 11 голови и 17 асистенции во Премиер лигата, тоа за него беше повторување на успехот од Валенсија од сезоната 2007/2008.