Дома Македонски спорт Мак фудбал ЖФК Деспина одговори по обвинувањата од Талевска: Нашите фудбалерки беа нападнати во Каменица! 🎥

ЖФК Деспина одговори по обвинувањата од Талевска: Нашите фудбалерки беа нападнати во Каменица! 🎥

По изјавата на репрезентативката на Македонија (ТУКА) и член на ЖФК Каменица Саса со своја реакција и видео од 26 секунди одговорија од тимот на ЖФК Деспина.

Талевска во својата изјава тврдеше дека била повредена по закани од претседателот на ЖФК Деспина. Утрово од ЖФК Деспина ја објавија својата страна на целата ситуација, но доставија и видео од трибините на кое се слушаат закани кон нивните фудбалерки по еден опасен старт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


СООПШТЕНИЕТО ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Фудбалерките на Деспина нападнати во Каменица .

По завршување на полуфиналниот натпревар во Каменица нашите фудбалерки беа физички и вербално нападнати.

Во текот на натпреварот беа навредувани и се слуша како се упатуваат закани :Нема да излезите од тука,да ви е..м племето,Прилеп ќе гори,убите ги итн.

Креатор на целиот инцицент беше Мила Талевска , помогната од нејзиниот тренер, неговата сопруга и капитенот на Каменица.

Мила Талевска се повреди во Прилеп пред скоро два месеци на 05.03 2023 по што беше пренесена во Прилепската болница каде и е пружена потребната нега и помош.Од нашиот клуб по завршување на натпреварот капитенот Кате Милеска и тренерот Стеван Талески одат да ја посетат повредената Талевска по налог на претседателот на нашиот клубот.

Потребно беше да направат инцидент да напаѓаат и фрлаат со шишина по фудбалерки од по16-17 години по Куп натпревар кој го добија и да се прават жртви дека некој намерно ги повредил ?!?!?

Зошто од домашната екипа е тргнат од Youtube полуфиналниот натпреварот од 25.04.2023 каде се слушаат само навреди и закани а ќе биде објавено видео од 26 секунди во прилог на ова соопштение.

На Мила Талевска и посакуваме што побрзо да се врати на терените и успешно да ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…