Дома Фудбал Останато Жунињо: Нејмар е алчен за пари како и секој Бразилец

Жунињо: Нејмар е алчен за пари како и секој Бразилец

Бразилската легенда, Жунињо Пернамбукано удри по Нејмар кој според него го интересираат само парите.

Според него, алчноста во менталитетот на Бразилците дојде до израз и кај неговиот сонародник, кој поради пари се преселил во ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во Бразил, ние сме научени да се грижиме само за парите, додека во Европа луѓето имаат поинаков менталитет. И јас бев научен да одам таму каде што плаќаат повеќе. Ова е бразилскиот начин. Нејмар потпиша договор со ПСЖ само заради пари“, вели Жунињо.

„Парискиот клуб му даде се што сакаше, а сега тој сака да си замине пред крајот на неговиот договор. Нејмар мора да даде се што има на теренот, да покаже целосна посветеност и лидерство. Проблемот е во тоа што Бразил има култура на алчност. Тие секогаш сакаат повеќе пари“, изјави Жунињо.

Нејмар во ПСЖ дојде во 2017 година за рекордни 222 милиона евра и стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…