Дома Фудбал Англија Жоржињо ја одби понудата од Челзи

Жоржињо ја одби понудата од Челзи

Раководството на Челзи започна преговори за продолжување на соработката со Жоржињо, чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Меѓутоа, медиумите пренесуваат дека Жоржињо не е задоволен од понудата на „сините“ и веднаш ја одбил.

30-годишниот италијански репрезентативец сака подолг договор, додека Челзи му нуди двегодишен договор. Притоа Жоржињо бара поголема плата од 120.000 неделно, колку што заработува во моментов.

Поради тоа големи се шансите тој на лето да си замине како слободен агент, а најсилен интерес за него покажуваат Барселона и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Жесток удар за Артета: Фудбалер на Арсенал одлучи да го напушти клубот по само пет натпревари!

Арсенал на Артета повторно добро ја започна новата сезона, но Шпанецот сега се наоѓа пред …