Дома Фудбал Останато Жозе Мурињо доби изненадувачка понуда!

Жозе Мурињо доби изненадувачка понуда!

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо веќе неколку недели е без ангажман откако доби отказво Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ одлучија после лошите резултати да му се заблагодарат на Мурињо за соработката. Меѓутоа, тешко е да се очекува Мурињо подолго време да остане без работа и не е тајна дека веќе има неколку понуди.

Мурињо најмногу се поврзуваше со Интер, но ретко кој верува дека таа работа може да биде завршена до крајот на сезоната. Сепак, во медиумите се појави и една интересна информација – Мурињо би можел да се врати во Португалија.

Медиумите во неговата татковина пренесуваат дека Мурињо има понуда од Бенфика да работи во нивниот клуб до крајот на сезоната и тогаш сам да одлучи дали сака да се задржи подолг период.

Сега не е јасно дали Жозе има амбиции да работи во Бенфика, но исто така и колку овој клуб може да ги исполни неговите финансиски барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …