Дома Фудбал Италија Жиру става потпис на нов договор со Милан

Жиру става потпис на нов договор со Милан

Оливие Жиру е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жиру неодамна наполни 36 години, но се уште игра на врвно ниво.Французинот е еден од најважните фудбалери на Милан и еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона.

Жиру игра одлично и на Мундијалот, а преговорите со Милан за продолжување на соработката се во завршна фаза.

Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, но двете страни наскоро ќе стават потпис на нов договор.

Французинот ќе потпише договор до 2024 година со опција за уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус има интерес за играч од средниот ред на Милан

Италијанскиот гигант Јувентус го насочи својот интерес кон играчот од средниот ред на Мила…