Репрезентацијата на Франција утре го игра полуфиналниот натпревар на СП, а противник е селекцијата на Белгија.
Франција до полуфиналето дојде после лесната победа над Уругвај, додека Белгија направи изненадување и ги испратија Бразилците дома. Сигурно е дека утрешниот натпревар ќе ни донесе многу возбудувања.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Атмосферата пред овој натпревар е веќе на врвот, а почнаа и препукувања помеѓу играчите на двете екипи. Синоќа тоа го направи и Жиру, кој го провоцираше дури и легендарниот напаѓач на Франција, Тиери Анри. Поранешниот напаѓач на Триколорите моментално работи како помошник во таборот на Белгија и сигурно дека ова ќе биде посебен момент за него.
„Јасно е дека постои многу почитување и не можам да му замерам што ќе биде на клупата на Белгија. Мојата работа е да бидам добар на теренот и да му помогнам на тимот. Но, ќе бидам горд ако му покажам на Анри дека е на погрешната страна на теренот.“ – порача Жиру.