Дома Фудбал Останато Жиру му одговори на Бензема: Светски шампион за еден картинг не е лошо

Жиру му одговори на Бензема: Светски шампион за еден картинг не е лошо

Карим Бензема пред неколку дена изјави дека не може да се споредуваат тој и Оливие Жиру затоа што тој е Формула 1, а напаѓачот на Челзи е картинг.

„Споредба со Жиру? Не мешајте Формула 1 и картинг, јас сум Формула 1“, гласеше изјавата на Бензема.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од тогаш сите го чекаа одговорот на Жиру кого очигледно го навредиле збороците на напаѓачот на Реал и поранешниот соиграч од репрезентацијата на Франција. Сега Жиру му одговори.

„Некои зборуваат дека Формула 1 и картинг не се споредуваат, но јас само ќе кажам дека сум светски шампион што не е лошо за некој кој е картинг“, изјави Жиру.

Жиру на Светското првенство во Русија на кое Франција стигна до титулата помина 546 минути на теренот. Од друга страна Бензема не игра во репрезентацијата од 2015 година после скандалот со Валбуена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …