Дома Фудбал Жиру, друг пат внимавај што ветуваш! (видео)

Жиру, друг пат внимавај што ветуваш! (видео)

Фудбалската репрезентација на Франција ја освои титулата светски шампион на Мундијалот во Русија, откако во финалето ја победија Хрватска со 4:2.

„Триколорите“ вчера допатуваа во Париз каде што ги пречекаа повеќе од милион навивачи.

После натпреварот против Хрватска во центарот на вниманието беше Оливие Жиру кој пред Мундијалот даде ветување дека ќе се ишиша на „нула“ доколку неговата селекција стане светски шампион.

Француските новинари се обидоа да го потсетат Жиру на изјавата која ја даде пред СП и се појавија со машинка. Сепак, францускиот напаѓач не сакаше да си одржи зборот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…