Дома Фудбал Италија Жиру: Бог сакаше да дојдам во Милан

Жиру: Бог сакаше да дојдам во Милан

Oливие Жиру имаше одличен старт на подготвителните натпревари во Милан откако постигна гол после само неколку минути игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот верува во проектот на „росонерите“ и цели кон освојување на трофеј.

„Во кариерата сум освојувал трофеи каде и да сум играл, така сакам да биде и во Милан. Во мојата глава си имам зацртано цели, но не ги откривам за да не си правам притисок. Да кажеме дека крајната цел е освојување на трофеј со Милан“.

„Челзи го напуштив затоа што дојде време за нов предизвик во друга лига. Милан е еден од најголемите клубови во светот, верувам во проектот кој ми беше претставен, затоа и ја прифатив понудата. Бог сакаше да дојдам во Милан“, изјави Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …