Дома Фудбал Лига на шампиони Животот пишува романи: Садио Мане, Бамбали, неговиот пријател и познатата инстанбулска ноќ во 2005…

Животот пишува романи: Садио Мане, Бамбали, неговиот пријател и познатата инстанбулска ноќ во 2005…

mane

Бамбали ќе навива за Садио Мане.

Замислете 2005 година и село о 2.000 луѓе по име Бамбали, во Сенегал. Се гледа финалето во Лигата на шампионите. Она познатото во Инстанбул. Еден од ние кои токму таму тогаш го гледале големиот пресврт бил Садио Мане! Човекот кој утре ќе игра против Реал Мадрид во дресот на Ливерпул.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во таа чест Мане испрати 300 дресови на Ливерпул во малото село. Во разговор за „Гардијан“ Мане се потсети како изгледало гледањето на финалето во 2005 година.

„Беше 3:0, а потоа пенали. Големо сеќавање за мене. Го гледав во моето село. Бев со мојот пријател, кога беше 3:0 престана да гледа и започна да трча како лудак што подалеку од натпреварот. Кога се врати не можеше да верува. И денес не може да си поверува. Се врати после натпреварот кога Ливерпул веќе победи“, се потсети Мане.
Мане со денови му се потсмевал поради тоа.

„Тогаш не навивав за Ливерпул, бев навивач на Барселона. Доколку тогаш ми кажавте дека ќе играм финале би ви одговорил само со насмевка. Се надевам дека денес ќе победиме во финалето“, изјави Мане.

Фудбалерот на Ливерпул добил и специјален мотив.

„Зборував со мојот пријател. Тој е голем навивач на овој клуб. Се уште е во Сенегал, се вика Јусуф Диат. Ми кажа овој пат да не губиме 3:0“, откри Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …