Мохамед Салах – еден од фудбалерите за кого сонот стана јаве.
Најпознатиот Египќанец оваа сезона експлодираше и е еден од најзаслужните што Ливерпул има голема шанса да игра во финалето од Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Животот пишува чудни романи, има многу примери во светот на фудбалот. Дека нешто кое силно го посакувате може да се оствари покажува и приказната на Салах.
„Имав седум години и гледав Лига на Шампиони. Ги гледав Роналдо, Зидан и Тоти, тогаш си помислив: Сакам да бидам фудбалер. Се започна во тие моменти“, раскужва Салах.
Неговата приказна е слична на многу Јужноамериканци. Сиромашно семејство, скромни услови и само еден сон – да стане фудбалер!
„Топка правев од чорапи, а играв со братот и пријателите. Мојот брат не беше талентиран како јас. Кога имав 14 години најдобриот пријател ми кажа: Ќе бидеш најдобар во светот“.
Салах првиот професионален договор го потпишал на 14 години со тимот на Араб Контракторс.
„На училиште одев само два часа, од 7 до 9. Од клубот имав оправдување на кое пишуваше: Мо мора секој ден да го напушта училиштето во девет часот за да стигне во тренинг кампот во 14 часот. За да стигнам на тренинг патував четири ипол часа во еден правец, но морав да променам дури три различни автобуси и воз“.
„Во кампот пристигнував околу 14 часот, некогаш и околу 14:30, а тренингот започнуваше во 15:30 или 16:00 часот. Завршуваше во 18:00, а потоа повторно ми беа потребни четири ипол часа да стигнам дома. Девет часа патував секој ден и така пет години. Дома стигнував изморен, јадев нешто и веднаш одев на спиење. Но имав само сон, бев дете кое сонуваше да стане фудбалер“
На 16 години влегол во првиот тим на Араб Контракторс.
„Дури тогаш сфатив дека можам да станам нешто, дека мојот сон можеби и ќе се исполни“.
Денес кога е еден од најпопуларните фудбалери во светот и кога заработува 100.000 евра неделно, Египќанецот не заборава од каде потекнува.
Во родното место финансира изградба на училиште, помага и во локалната болница. Води хуманитарна организација која се грижи за најсиромашните семејства. Не им помага само на луѓето, туку се грижи и за својата земја. На сметката на државната благајна уплати 210.000 британски фунти со цел да и помогне на египетската власт.
Каков човек е Салах зборува и понудата која ја доби кога постигна гол со кој го одведе Египет на Светското првенство. Во знак на благодарност државата му подари луксузна вила, а тој се заблагодари и порача тие пари да ги донираат на сиромашните.
Сите достигнувања оваа сезона покажуваат дека Салах е на нивото на Роналдо и Меси, па дури и подобар.
Мохамед Салах оваа сезона постигна 43 погодоци во сите натпреварување. Тој е најдобар стрелец во топ пет лиги. Звучи неверојатно, но својот учинок во споредба со минатата сезона го зголеми за повеќе од двојно. Тогаш постигна 19 погодоци, 15 во Премиер лигата. Сега веќе има 43, а во првенството 31.