Дома Фудбал Жесус: Не се залажуваме, тоа е Реал Мадрид

Жесус: Не се залажуваме, тоа е Реал Мадрид

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, покажа почит кон Реал Мадрид и не ги отпиша „кралевите“ пред реваншот на „Етихад“ и покрај победата од 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“.

„Јас сум многу среќен, мојот гол беше еден од најважните и најзначајните во мојата кариера. Беше многу тежок натпревар, сите ја знаеме големината и тежината на Реал Мадрид. Затоа сум среќен и сигурно ќе ја паметам секогаш таа голема ноќ. Но, сега треба да се фокусираме на реваншот. Се уште ништо не е решено. Не се залажуваме, тоа е Реал Мадрид. Тие имаат многу квалитети и мора да бидеме сконцентрирани“, изјави Жесус.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Дали очекував да бидам стартер? Секогаш сме кажувале дека во Сити имам повеќе од 11 стартери. Сите играчи кои го носат овој дрес треба секогаш да бидат спремни и да се чувствуваат како стартери. Навивачите сакаат да се бориме за сите трофеи“, изјави Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…