Дома Фудбал Репрезентации Жестоки критки за „Гаучосите“: Не може Меси да ни биде СЕ…не ми е јасен ниту Игуаин

Жестоки критки за „Гаучосите“: Не може Меси да ни биде СЕ…не ми е јасен ниту Игуаин

kempes

После дебаклот од 6:1 во пријателскиот натпревар против Шпанија неколку аргентински легенди ја отворија душата и јавно ја критикуваа селекцијата која апсолутно потфрли.

Аргентина да потсетиме, тешко стигна до пласман на Мундијалот, а во вчерашниот натпревар без повредениот Меси доживеа тежок пораз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Незадоволен, но и помалку збунет од изданието на Аргентинците беше легендарниот Марио Кемпес кој во 1978 година го освои Светското првенство со оваа селекција.

„Не знам што е ова. Како група од 11 странци кои прв пат се среќаваат, тие не личат на тим. Првото полувреме и не беше така лошо, но второто беше целосна катастрофа. Меси не играл, па што? Тој е најдобар, но мора да се игра и без него. Нас ни треба тим, не може Меси да биди голман, дефанзивец и крило…Не ми е јасен ниту Игуаин кој во репрезентацијата никогаш не игра како во Јувентус“, критикуваше Кемпес.

На крајот Кемпес додаде дека во репрезентацијата едноставно мора да има место за Мауро Икарди.

„Не знам зошто Икарди не е во нашиот тим. Играше добро против Ургувај, потребен ни е таков играч“, заврши легендата на аргентинскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Видео со многу емоции: Ројс со навивачите на Борусија

Борусија Дортмунд ја пишува приказната на сезоната во Европа, а во центарот на вниманието …