Дома Фудбал Останато Жестока расправија на Твитер: Нејмар и Алваро продолжуваат со навреди 📷

Жестока расправија на Твитер: Нејмар и Алваро продолжуваат со навреди 📷

На мечот меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј, Алваро Гонзалес имаше само една желба, а тоа беше да го испровоцира Нејмар.

Од друга страна, Бразилецот возврати со провокациите во текот на целиот натпревар, а не прекина ни после него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нивната нетрпеливост почна уште на претходниот дуел, по кој Нејмар го обвини Алваро дека расистички го навредувал.

Кога станува збор за караницата на Твитер, таму почна Нејмар со провокација и слика на која го означи Алваро, а потоа напиша „Кралот е роден, зарем не“.

Веднаш пристигна одговор од Гонзалес на тоа, кој објави слика на која прави прекршок врз Нејмар и порача „Родителите ме научија секогаш да го фрлам ѓубрето“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…